Манастир Света Богородица Побожје

Posted in историја, култура, уметност, фото on август 6th, 2010 by alexandro

Тргнав накај центар по работа а завршив на непланиран ручек во манастирот Света Богородица во близина на селото Побожје на падините на Скопска Црна Гора. Наидов на љубезни домаќини, многу интересно друштво, манастирска ракија, сирење, малку скаричка и прекрасен манастир.

Сместен е во густа но ниска дабова шума во подножјето на Скопска Црна Гора и опкружен со високи ѕидини високи околу 2 до 3 метри сочинувајки еден огромен и функционален комплекс. Манастирот е лоциран во средината на комплексот заедно со висока камбанарија, а наоколу се протегаат дури 6 големи конаци кои денес се користат од неколкуте жители кои постојано престојуваат во него.

За манастирот нема прецизни историски податоци и документи кога е изграден, но според стилот на прекрасниот животопис се датира во ХIV или XV век. Живописот во црквата е изведен од доста добри мајстори односно зографи, што може да се забележи и од самите слики од црквата, кои претставуваат вистинска уметничка вредност. Меѓутоа нема историски извори ни за тоа кој го извел живописот во црквата.

Еве што успеав да регистрирам со мојот фотоапарат.




































Tags: , , , , ,

Цело е кога има се’

Posted in блогосфера, политика, сеир on јуни 14th, 2010 by alexandro

Ме испровоцира Андреј… :)

Во фламанскиот дел на Белгија на последните парламентарни избори победи сепаратистичката Нова фламанска алијанса и со тоа му даде нов импулс на дезинтеграцијата (читај распаѓањето) на оваа и онака поделена земја.

Од 1 Јули Белгија ќе го преземе претседавањето со Европската унија, недефинирана организација чие распаѓање е прашање на денот!

Бугарија е веќе во ЕУ како докажан „уништувач на сојузи“. Кај се приклучила сите сојузи се распаднале.

Кој тука недостига?

Цело е кога има се’!!! :D

Tags: , , , ,

May It Be (вечерва…)

Posted in блогосфера, музика on февруари 26th, 2010 by alexandro

Може, но не мора… Сепак уживајте во прекрасното пеење на Келтските жени!

Зошто ми личат дека се наши – македонски?! :)


May It Be

May it be an evening star,
Shines down upon you.
May it be when darkness falls,
Your heart will be true.
You walk a lonely road;
Oh, how far you are from home….

Mornie utulie (darkness has come),
Believe and you will find your way.
Mornie alantie (darkness has fallen),
A promise lives within you now….

May it be the shadows call,
Will fly away.
May it be your journey on,
To light the day.
When the night is overcome,
You may rise to find the sun.

Mornie utulie (darkness has come),
Believe and you will find your way.
Mornie alantie (darkness has fallen),
A promise lives within you now….

A promise lives within you now…

Tags: , ,

Tombe lа neigе

Posted in блогосфера, музика on февруари 10th, 2010 by alexandro

Пријатно снежно попладне!


Tombe la neige

Tombe la neige
Tu ne viendras pas ce soir
Tombe la neige
Et mon coeur s’habille de noir
Ce soyeux cortege
Tout en larmes blanches
L’oiseau sur la branche
Pleure le sortilege

Tu ne viendras pas ce soir
Me crie mon dsespoir
Mais tombe la neige
Impassible manege

Tombe la neige
Tu ne viendras pas ce soir
Tombe la neige
Tout est blanc de dsespoir
Triste certitude
Le froid et l’absence
Cet odieux silence
Blanche solitude

Tu ne viendras pas ce soir
Me crie mon dsespoir
Mais tombe la neige
Impassible manege

Tags: , ,

Вест на денот

Posted in вести on јануари 29th, 2010 by alexandro

На скопските улици наместо сол фрлаат снег!

(кликни на сликата за подобар преглед)

Така барем вели Нетпрес! :)

Tags: ,

Багремите…

Posted in блогосфера, лично, музика on јануари 21st, 2010 by alexandro

По желба на почитуваната пријателка за да ја прекинеме непријатната серија написи за една личност која не заслужува ништо повеќе од еден обичен презир!

Балашевиќ и неговите познати  Багреми…

Tags: , ,

Ликот и делото на една бедна креатура наречена Героски (другите за него)

Posted in блогосфера, политика on јануари 18th, 2010 by alexandro

Во прилог на операцијата за демаскирање на ликот и делото на една несекојдневна комична пројава на македонската медиумска сцена чии ставови и определби одамна се познати на македонската јавност, од сега па во следните денови ќе постирам неколку постови кои ја верно ја отсликуваат неговата бедна антимакедонска улога за туѓи дворови и интереси. За почеток ја постирам колумната на Ивица Антевски од неговиот блог објавена на 18.12. 2009 година!

Ај да видиме колку сум предавник!

Како одговор на нападите врз мене дека работам за некаква грчка пропаганда Македонија да го смени името, решив да ја преобјавам мојата колумна која ја објавив пред повеќе од една година, а со која му се спротивставив на мојот тогашен уредник Бранко Героски, кој беше силен застапник да го смениме името, за да влеземе во НАТО. Сите што беа членови на редакцијата на „Шпиц“, беа сведоци дека за ова прашање имавме жестоки расправии со Героски, што во еден момент кулминираа дури и со моја најава за отказ (во моментов жалам што тогаш дозволив да бидам предомислен).

Оваа колумна, како и неколку други се доказ дека оние што ме напаѓаат немаат појма за мојот став околу тоа прашање, дека не прочитале ни два реда од она што сум го пишувал, туку ме напаѓаат само поради фактот што му бев заменик на Героски и што за многу прашања жестоко ги критикував демохристијанските политики на Никола Груевски и неговата камарила. Наредниве денови ќе преобјавам уште некоја од колумните.

Следи колумната (не можев да ја најдам на сајтот на „Шпиц“, ама за среќа, покрај што си ја имав ставено на блогов, ја преобјавиле и на сајтот на Матица на исселениците на овој линк):

БОЛИ, АМА ЗДРАВО Е!

Петте лажни банкноти со кои сакаат да ни го купат достоинството и неколку аргументи во прилог на здравиот разум.

Во целава оваа провизорна дебата околу тоа треба ли Македонија да го смени името за да влезе во НАТО се кажаа многу работи. Некои точни, некои валидни, некои не. Дебатата е провизорна затоа што е премногу набиена со емоции за да биде разумна. Без намера да дотурам масло на огнот, се обидов да разобличам неколку лажни слики што се обидуваат да ги продадат бранителите на ставот дека НАТО ни е поважен од името.
Пред да скокнат од столчињата оние што не се согласуваат со мене, ги молам да земат предвид дека однапред не отфрлам ниту еден став, само за него барам (како и секогаш) аргументација.

1. Со менување на името ќе влеземе во НАТО – Овие речиси две децении откако на-не-знам-како определивме дека врвен приоритет ни е влезот во НАТО, без аргументи се гради атмосфера дека тоа мора да се случи. На анкетите поддршката за влез во НАТО одеше и до 99 отсто од испитаниците: на секој сериозен аналитичар му е јасно дека тие испитувања на јавното мислење се надувани. Во реалноста, веројатно, НАТО на моменти беше и негативец.
Друг сомнителен факт е и тоа што во земјава речиси и да нема НАТО скептици. Партиските војници на премиерот Груевски, до пред еден месец трубеа дека НАТО ни е врвен приоритет, наеднаш станаа скептици – не зборувам за таков дневнополитички скептицизам, туку за оној принципиелниот. Дури и да го немавме проблемот со името, поведовме ли сериозна дебата во која ги разгледавме негативните аспекти од влегувањето во таков воен сојуз? Не.
Тогаш, не може да се сметаат за сериозни експертите и аналитичарите кои невлегувањето во НАТО го сметаат за негативност сама по себе, а не бараа дебата за ова прашање. Нивниот став е невалиден затоа што не поминал низ филтерот на критиката.
Во еден екстремен случај, прочитав и ставови во кои Грција само ни прави услуга со тоа што ни помага да не влеземе во една воено-хушкачка алијанса.

2. Ако го смениме името, ќе имаме значително подобрување на економската состојба – Многумина посочија дека откако ќе влеземе во НАТО ќе имаме значително подобрување на животниот стандард. Колку е тоа аргумент? Мене искрено тоа повеќе ми личи на поткуп отколку на аргумент. Навистина, кога и самата физичка егзистенција ти е доведена во прашање (со „геноцид со сиромаштија и негрижа” – Кант), ти си присилен да се откажеш од моралот и етиката, од достоинството и самопочитта. Почнуваш да бараш милост, стануваш питач. Во моментов сме доведени во ситуација на питач кој го моли богаташот да му даде да јаде, а овој за возврат бара питачот да се глупира и да прави будала од себе. Па, размислете и самиот не знам како треба да постапиме – дали за парче леб би се откажале од достоинството? Дали би правеле будала од себе за да добиете пристоен живот? Колку е пристоен таквиот „пристоен живот”?
Ќе најдете и луѓе што би правеле с* за да им е полн мевот, ама има и такви кои подобро би умреле од глад, ама би го зачувале достоинството.

3. Постојат валидни и издржани аргументи да го смениме името – Повеќе никој не дебатира за тоа колку држат аргументите што ги приложува грчката страна. Додуша, во сета онаа националистичка хистерија што кај нас се потсилуваше деценија и пол, не знам дали некој добро ги слушна аргументите на Грците. Дали некој ги проанализира? Ако тоа некој го направил и проценил дека држат, зошто порано не ни кажа дека грешиме? Каде е таа совест?
Мислам дека знам. Не е во интелектуалците (што и да значи тој збор). Оние активните најчесто работат за центрите на моќ (партиски, странски, владини, невладини), оние пасивните не знам колку може да се наречат свест.
Што се однесува на оние експерти кои сега почнаа да зборуваат за тоа дека требало да го смениме името: драги пријатели, каде бевте изминативе петнаесет години и згора? Зошто тоа не ни го кажавте порано, па да имаме време да продискутираме за вашите аргументи, колку тие држат? Ова сега не е дебата – ова е јуриш, јавен притисок, кампања…
Еве, да речеме дека главен аргумент на Грција е тоа што и таа има област во северниот дел (?) која се вика Македонија. И? Аргумент ли е тоа? Не. Затоа што според ниедно пишано или непишано правило не е забрането да постојат повеќе држави, области, градови, населби што го носат истото име. Сетете се само дека до падот на берлинскиот ѕид постоеја две Германии.
Како што веќе напишав во минатонеделната колумна, менувањето на името само ќе го замаскира вистинскиот проблем.
Еден блогер од Бугарија прексиноќа ми рече дека во политиката така се решаваат работите – со замаскирување. Можеби е во право. Кој знае какви ќе бидат констелациите за дваесет години? Арно ама, по дваесет години сакам да бидам свесен дека и кога сум бил принуден на самопонижување и отстапки, сум ги нарекувал работите со нивното вистинско име. Боли, ама здраво е.

4. Прашањето е билатерално – Не е. Правно и фактички, доколку не влеземе во НАТО, ние можеме да сметаме дека еден од критериумите за влез во Алијансата е тоа што & пречи што се викаме Македонија. Работите стојат вака: ние бараме влез во НАТО, членките внатре меѓу себе не можат да се договорат дали да ни дадат покана затоа што една членка не се согласува со тоа. Нормално, ние може да лобираме кај некои од нив да се заложат за нашите интереси (затоа што нивниот интерес, ете, се совпаднал со нашиот), ама тоа не значи дека проблемот е билатерален. Напротив. Да ја свртиме малку перспективата: ние со Грците имаме релативно добра соработка и добрососедски односи, посебно на економски план. Проблемот е што овие организации (мислам тука и на ЕУ) не се сигурни дали сакаат да ни дадат покана. Односот е Македонија наспрема НАТО/ЕУ, а не Македонија наспрема Грција.
Овие организации доаѓајќи во пат позиција го префрлаат проблемот на билатерално ниво и ни велат: „решете го тоа, па ќе добиете покана”. Арно ама, со тоа ни додаваат уште еден критериум за влез. Премолчан, но, сепак, критериум. И тоа не е страшно. Страшното е што тоа се премолчува. Извинете, царот е сепак гол.

5. Ако не влеземе во НАТО ќе имаме дестабилизација и некаков бунт на Албанците во Македонија – Се прашувам зошто ќе немаме бунт на Албанците ако влеземе во Алијансата? Да, и јас мислам дека е многу веројатно работите со меѓуетничките односи ако не влеземе во НАТО да тргнат на полошо. Арно ама, тоа нема врска со аргументација, туку со притисок. Тоа е нож под грло. И тоа треба јавно да се каже: влегуваме во Алијансата не поради тоа што имаме огромна желба и љубов кон воениот сојуз, туку затоа што имаме нож под грлото.

Posted by .аНТИ at петок, декември 18, 2009

Tags: , , , , ,

Песна за денес!

Posted in блогосфера, лично, музика on јануари 10th, 2010 by alexandro

Tags: ,